Song Page - Lyrify.me

Lyrify.me

Prijateli by Tonyo San Lyrics

Genre: rap | Year: 2021

[Строфа 1]
Кога сум осамен и кога сум со сите нив
И кога се смееме и кога животов е сив
И кога висиме на клупи, а дома е тежок бед а
Бетонот ладен ко лед, а против нас имаме цел свет
Со вас сум врзан не паѓаш кога те држам
Секој твој непријател е мој непријател го мрзам
Си чуваме леџа заедно сме леџија
Не зборам за кланот зборам за другарите со нив и ја
Дигни ја главата горе зар уште ролаш
Празен фрижидер а ризлата полна фрли те молам
Зошто кога тонеш јас со тебе тонам
Ни треба работа премногу млади за да сме во гроб со една нога
Извини тогаш те повредив, а неќев другари сме простено
Ти си грешел и јас грешев
Кога тажно беше тешев
Кога вицот беше смешен
Кога заедно поминавме низ секој миг тежок и лесен
И оваа есен сме незапослени
По сите години делиме исти спомени
Сме уште заедно сè друго батали
Посветено до сите вистински пријатели
[Рефрен]
Кога сум осамен и кога сум со сите нив
И кога се смееме и кога животов е сив
И кога висиме на клупи, а дома е тежок бед
А бетонот ладен ко лед не грее љубовта пред сè
И кога си осамен и кога си сите нас
И кога се смееме, а животот е сјебан пак
И кога висиме на клупи, а дома е бед знам
Без пријатели си никој и ништо кога си сам

[Строфа 2]
Ако патот не раздели ти не си веќе моја
Патиштата се делат така ко што ќе се спојат
Цела можда љубовта ко што чувства и солза
Радост и болка среќа пред сè борба
А што и да се деси ја и ти сме Black и White засекогаш
А после сè во странци да се претвориме нее никогаш
Знам ќе не може да сме другари после сè
Се смени сè чим се разделивме
Спомените ми носат наше време
Беше секогаш до мене
Сите жени не се исти тоа го сфатив ради тебе
Ти си пријател пред сè најдобар во мојот ред
Ти ме чуваше ко White, а јас бев изгубен ко Black
Така да ти си ми ко свет
Момент во мојот свет
Ти ме научи како да се справувам со мојот бед
Сакам да знаеш ти си ми ко среќна ѕвезда
Што и да биде строфава е чиста вистина ко цела песна
[Рефрен]
Кога сум осамен и кога сум со сите нив
И кога се смееме и кога животов е сив
И кога висиме на клупи, а дома е тежок бед
А бетонот ладен ко лед не грее љубовта пред сè
И кога си осамен и кога си сите нас
И кога се смееме, а животот е сјебан пак
И кога висиме на клупи, а дома е бед знам
Без пријатели си никој и ништо кога си сам

[Строфа 3]
Хех а денес животот посериозен
Сложен секој можен бед те прави понервозен
Но вистински пријатели не се менуваат
Свет на бед па грб си чуваат не се простуваат
Но што се деси не се гледаме почесто нели
Животот не смени цели одиме на патот што не дели
А пријателството на конец со него никој ништо не сторил
Па затоа ни тоне
Броевите се исти само никој не ѕвони на нив
А кога ќе се видиме се лутиме за тоа кој е крив
Комуницираме со Што има? и Како си?
Другари ради ХАХАХА и ХИХИХИ
А има повеќе од тоа знаеш сам што ти зборам
Да го спасиме другарството заедно мора
За да се најдеме на полпат тргни сега
Посветено до мојот тесен круг
А сите други да ве нема!
[Рефрен х2]
Кога сум осамен и кога сум со сите нив
И кога се смееме и кога животов е сив
И кога висиме на клупи, а дома е тежок бед
А бетонот ладен ко лед не грее љубовта пред сè
И кога си осамен и кога си сите нас
И кога се смееме, а животот е сјебан пак
И кога висиме на клупи, а дома е бед знам
Без пријатели си никој и ништо кога си сам