Song Page - Lyrify.me

Lyrify.me

Od Drugata Strana by Kiskinov Lyrics

Genre: rap | Year: 2012

[Строфа 1: Кискинов]
Сакам да сме заедно, баш како што беше планот
Јас и ти само - додека спие градов
Да стоиме на дождот, нам не ни треба чадор...
Но нажалост ништо од тоа, ти си сама на патот
Јас најдобро знам под притисок колку бев напнат
Кога немав сон, друго ништо не сакав
И само тоа го барав, ма и колку вода да ставаш
Дрвото нема да цвета, ниту плодови ќе раѓа како порано...
А веќе ништо не е така
Ако не си бил среќен ти не знаеш што е мака
Ако не си бил сакан не знаеш кога те мразат
Ако немаш можност и зависиш од друга глава
Кога нечии раце се едини за да те фатат
Но ги крие магла и нема назад.
Можеби е казна, а можеби и подарок
Можеби и услуга што сум заминал порано
Само да знаеш дека бев среќен
Нели животот ни прави искушенија
И сватив дека тест се километрите кои не делеа
Дур сум чекал да те сретнам
Моментите така повеќе вредат
Јас тебе те сакам, но време е да гледаш напред
Твојот живот не запре, туку туѓ што ти значел
Телото ми е под земја и не помага свеќа
Туку спокојот го наоѓам ти кога си среќна
[Строфа 2: Марија Бунда]
Од друга страна стојам сама во мракот
Со поглед следам... те нема... го нема...
А толку проклето ми треба
Јас од друга страна стојам сама во мракот
Со солза врела, во неа те гледам
На другата страна ме чекаш